ФОТО | Романтично зајдисонце во светот на бајките – вака ужива Калиопи
Калиопи на социјалните мрежи покажа дека знае како квалитетно да го помине слободното време.
Овој продолжен празничен викенд, наместо за настапи, пејачката го искористи за патување, а како своја дестинација ја избра романската престолнина, Букурешт.
Дека ужива во убавините на овој европски град, Калиопи сподели и со своите бројни следбеници на социјалните мрежи. На својот Инстаграм профил, таа објави прекрасна фотографија, која покажува дека романската метропола ја пречекала со магична атмосфера.
Препорачано
Калиоп уловила фасцинантен зајдисонце над градот. Од ознаките на самата фотографија се гледа дека таа се наоѓа во четвртиот сектор во Букурешт (București Sectorul 4), а романтичниот ефект на објавата го засили со црвено срце.

Калиопи за оваа објава ја одбра безвременската балада „Во светот на бајките“, нејзиниот познат дует (преработка) со Владо Јаневски. Се чини дека Букурешт навистина делува како вистинска бајка за неа.
„Не сум воопшто поразлична од онаа што ја доживувате јавно. Она што јавноста не го гледа е кога легнувам и се будам, со кого го пијам првото утринско кафе, кога решавам проблеми, кога им се радувам на малечките нешта, на моите најблиски, колку добро готвам… Но, сето ова ниту јас не можам да го знам за оние што ме сакаат и ги слушаат моите песни. На исто сме!“, изјави Калиопи во претходно интервју за „Слободен печат“.


