Драган Спасовски Дац - актер / Фото: „Слободен печат“ - Драган Митрески

Овој луксуз за жал веќе го немам: Дац со емотивна и поучна приказна

Вредна приказна од која секој човек може да научи, особено во денешниот брз начин на живот, сподели актерот Драган Спасов-Дац на Фејсбук.

„Мамо, те молам, можам ли денес да спијам кај баба?

Слушнав денес како едно дете ја прашува својата мајка, но додека се завртев да го видам детето кое со една реченица ме врати во минатото, веќе се изгуби во толпата.

Кога помина толку брзо сето време?

Ние, возрасните, претрупани сме со здодевни приоритети. Секојдневно се бориме за нешто, а понекогаш ни самите не знаеме што сакаме, а и ако знаеме што сакаме, не знаеме зошто баш тоа го сакаме.

И така од ден за ден.

И тогаш слушаш една ваква реченица и се буди сеќавањето на бабиниот дом, во кој пронаоѓавме сè што ни е потребно – сета среќа, исполнување, мир во срцето и сигурност…

Бабиниот дом е место каде што најобичната чинија супа и домашното лепче со млеко се највкусните јадења на светот. Вкусот на домашен сок од вишна е подобар од најскапиот сок од продавница. Домот на баба е место на кое попладнето може да трае засекогаш, а нам не ни е здодевно. Секогаш има мир во срцето, насмевка на лицето, а главата е полна со фантазија.

Во домот на баба сè е возможно… сè е толку едноставно и мириса на љубов, на липа и на шумски јагоди. Бабиниот дом е место каде што пронаоѓаме остатоци од детството и животот на нашите родители.

Овој луксуз, да ја посетам баба, за жал веќе го немам… Ќе остане само во моите спомени…

Но, кога би можел да сонувам сон и да вратам еден момент од животот, мислам дека воопшто не би се двоумел, туку би замолил: Може ли денеска да спијам кај баба?

(Непознат автор)“, сподели Дац и доби голема поддршка од неговите следбеници.

Фото: Скриншот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот