Аеродром Кувајт Фото: Принтскрин

ВИДЕО | Зошто Иран го нападна Кувајт? Шефот на дипломатијата објави видео од Рубио

Иранскиот министер за надворешни работи, Абас Арагчи, изјави дека вооружените сили на земјата извршиле „напади за самоодбрана“ врз локации што ги користат Соединетите Американски Држави за напад на трговски бродови и кршење на прекинот на огнот, објави Си-ен-ен.

Аеродромот во Кувајт е нападнат, а новите напади од Иран и САД го заоструваат примирјето.

Во објава на социјалната мрежа„Икс“, Арагчи рече дека „секој непријателски чин ќе биде пресретнат со непосреден и решителен одговор“, додавајќи дека „она што санкциите и војната не успеаја да го постигнат, повеќе војна нема да го постигнат“.

Заедно со изјавата, тој објави видео клип од американскиот шеф на дипломатијата, Марко Рубио, во кој ја пофалува сојузничката соработка на Кувајт и ОАЕ со Вашингтон за време на операцијата „Епски бес“, како што САД ги нарекоа своите првични напади врз Иран кон крајот на февруари и почетокот на март.

Шефот на иранската дипломатија потврди дека Техеран ги таргетирал американските бази во Кувајт и во Бахреин, како и брод во близина на Ормутскиот теснец. Според него, нападите со ракети и беспилотни летала биле извршени откако американската војска со ракета „Хелфаер“ онеспособила танкер за нафта под знамето на Боцвана, кој пловел кон островот Харг, главниот центар на Иран за извоз на нафта.

Иран погоди американска база во Кувајт, има повредени војници и уништени дронови

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот