Најновата балистичка ракета со среден дострел, „Хорамшахр-4“ на Иран / Фото: Икс

Иран погоди американска база во Кувајт, има повредени војници и уништени дронови

Ирански балистички проектил погодил американска воена база во Кувајт во изминатото деноноќие, а во нападот полесно се повредени неколкумина Американци и оштетени се и дронови, објави „Блумберг“ повикувајќи се на извор запознаен со инцидентот.

Според информациите, кувајтската противвоздушна одбрана пресретнала ракета од типот „Фатех-110“, но нејзините остатоци паднале врз воздухопловната база „Али Ал Салем“.

Во инцидентот полесно се повредени пет луѓе, меѓу кои има војници и соработници по договор. Уништено е еден дрон МК-9 „Рипер“, додека уште едно е сериозно оштетен. Вредноста на еден ваков дрон се проценува на околу 30 милиони долари.

Американската Централна команда (ЦЕНТКОМ) засега не го коментира случајот.

Инцидентот се случува во период кога Вашингтон разгледува можност за продолжување на кревкото примирје со Иран, кое е на сила од април, иако во меѓувреме двете страни изведоа ограничени напади.

Во меѓувреме, американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е подготвен да донесе конечна одлука за евентуален договор со Техеран, но по состанокот во Белата куќа не беше објавено официјално соопштение.

Американскиот министер за финансии Скот Бесент наведе дека клучни услови за договор се повторното отворање на Ормускиот Теснец, предавањето на високо збогатениот ураниум и прекинот на иранската нуклеарна програма.

Од иранска страна, официјални претставници порачаа дека сè уште нема финализиран договор за продолжување на примирјето и дека Техеран нема да преземе нови чекори додека не види конкретни потези од Вашингтон.

Венс за војната со Иран: Дали ова е оправдано, дали е морално?

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот