Фото: rkpartizan.rs

Раул Гонзалез и Партизан ќе играат во Лигата на шампионите

Поранешниот тренер на Вардар и селектор на Македонија, Раул Гонзалез од следната сезона седнува на клупата на белградски Партизан кој според пишувањата на српските медиуми ќе добие специјална покана од ЕХФ и ќе биде дел од Лигата на шампионите.

Партизан ќе се врати во елитното европско натпреварување по 13 години пауза. Последен пат црно-белите играа во Лигата на шампионите во 2013 година.

Враќањето на Партизан во европската елита претставува еден од најголемите успеси на српскиот ракомет во последните неколку години и потврда за амбициозниот проект што црно-белите го започнаа пред новата сезона.

Раул Гонзалес од јули ќе биде нов тренер на РК Партизан

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот