Фото: rkpartizan.rs

Раул Гонзалес од јули ќе биде нов тренер на РК Партизан

Српскиот ракометен клуб Партизан ја информира јавноста дека Раул Гонзалес ќе го преземе тимот од јули.

Шпанскиот стручњак е актуелен тренер на српската машка сениорска репрезентација, а договорот е потпишан до 2028 година.

Гонзалез зад себе има многу успешна тренерска кариера. Тој ја освои Лигата на шампионите со Вардар во 2017 година, а потоа беше шампион на Франција седум години по ред со ПСЖ, кој го напушти минатото лето и се пресели во Белград.

– Управата на клубот ми ја објасни својата идеја и бев многу привлечен од неа. Можноста да бидам со репрезентацијата и истовремено да ги запознам играчите, лигата и тимовите, исто така многу ми помогна. Партизан е еден од симболите на Белград и за своите навивачи претставува многу повеќе од обичен клуб. Сите беа многу среќни за мојата одлука бидејќи тоа е голем клуб кој расте и клуб чие име е само по себе референца. Мислам дека тоа е референца и на фудбалско и на кошаркарско ниво, а тоа му дава на клубот друга димензија. Сите се многу среќни и со нетрпение очекуваат да видат како ќе изгледа ова ново поглавје – се зборовите на Гонзалес.

Влегувањето во Лигата на шампионите е една од примарните цели на управата, како и на шпанскиот стручњак:

– Мислам дека сè функционира добро, тимот игра добро во моментов, имаат добри играчи, добар тренер. И мислам дека она што треба да се обидеме е да продолжиме да растеме. Ова не се постигнува за еден ден, туку година по година, а следната сезона ќе се обидеме малку да го подобриме тимот и да направиме важни работи. Тимот има многу добри играчи, со добра основа, но има играчи за кои треба да се одлучи – некои ќе останат, некои нема, но така е во сите клубови. Она што ќе се обидеме е да го подобриме тимот. Тимот е целина, не е само еден играч, и на тоа работиме. Мислам дека е тешко во спортот да се зборува за далечната иднина. Секогаш постои блиска иднина, а тоа е следната сезона, и ќе се обидеме да се справиме што е можно подобро во сите натпреварувања во кои играме – вели Гонзалес.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот