Фото: EPA/JUAN IGNACIO RONCORONI

Роналдо му се поклони на Меси по хет-трикот против Алжир: Tој е најдобриот играч на сите времиња

Лионел Меси уште еднаш испиша историја на Светските првенства. Аргентинeцот блесна во победата над Алжир, постигнувајќи хет-трик со кој стигна до бројката од 16 голови на мундијалските настапи.

Со овој учинок, Меси се израмни со легендарниот Мирослав Клосе на врвот на вечната листа на стрелци на Светските првенства, а воедно го надмина и бразилскиот ас Роналдо Назарио, популарниот „Феномен“, кој речиси две децении го држеше второто место.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Меси испиша историја, Халанд со два гола и донесе победа на Норвешка

Додека фудбалскиот свет го славеше новиот историски подвиг на Аргентинецот, вниманието го привлече и реакцијата на Роналдо. Наместо разочарување поради губењето на својата позиција на листата, Бразилецот испрати порака исполнета со почит и восхит.

Во разговор за „Мундо Депортиво“, Роналдо не штедеше зборови за Меси.

„Секој пат кога Меси ќе излезе на теренот, сè друго станува историско и елегантно. Време е светот да престане да се крие и да го прифати фактот дека тој е најдобриот играч на сите времиња“, изјави Роналдо.

Меси за солзите по првиот гол против Алжир: „Немаше никаква врска со фудбалот, поминав низ тешки денови“

Легендарниот Бразилец додаде дека Меси со години покажува неверојатна константност и продолжува да ги поместува границите на можностите.

„Тој продолжува да игра на врвно ниво секоја сезона, како и на Светското првенство, а сепак сè уште постојат сомнежи околу него. Ова е незаборавна и историска вечер која засекогаш ќе остане запишана во историјата“, порача Роналдо.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот