Фото: EPA/RONALD WITTEK

Солзите на голманот на Зеленортските острови го трогнаа светот: Трамп и Стејт департментот помагаат мајката на Возиња да присуствува на Мундијалот

Голманот на фудбалската репрезентација на Зеленортските острови, Возиња, стана еден од најголемите херои на првото коло од Светското првенство, откако со фантастична партија ја предводеше својата селекција до сензационално реми против актуелниот европски шампион Шпанија.

Во историскиот дебитантски настап на Зеленортските острови на светските првенства, Возиња беше несовладлива пречка за шпанските напаѓачи, собирајќи овации од љубителите на фудбалот ширум светот. Сепак, по натпреварот, наместо славје, на лицето на голманот се појавија и солзи.

ВИДЕО | Уругвајците во САД беа претресувани со кучиња како криминалци

Причината за неговата емотивна реакција не беше поврзана со случувањата на теренот, туку со фактот што неговата мајка не можеше да присуствува на историскиот меч и од трибините да го проследи најголемиот момент во кариерата на својот син.

„Плачев затоа што мајка ми не успеа да дојде поради визата. Поради парите што требаше да ги обезбедиме за депозитот, не стигнавме навреме да ја завршиме постапката. Посакував да биде тука, но и покрај сè сум пресреќен“, изјави Возиња.

ВИДЕО | Мундијалски вести: Меси испиша историја, Халанд со два гола и донесе победа на Норвешка

Неговата приказна брзо одекна во јавноста, а реакцијата пристигна и од американските власти. Според официјалното соопштение на Стејт департментот, покрената е итна процедура за издавање виза на мајката на голманот, која не успеала навреме да ја комплетира потребната документација поради тоа што немала важечки пасош.

Истовремено, властите во Зеленортските острови најавија забрзана постапка за издавање на патниот документ, со цел таа што поскоро да отпатува во Соединетите Американски Држави.

ВИДЕОИНТЕРВЈУ | Единствените македонски известувачи од Мундијалот: Мијалче и Наташа Дургутови

Според најавите, постои реална можност мајката на Возиња да пристигне навреме за натпреварот од второто коло во Групата Х против Уругвај, кој ќе се игра на 22 јуни во Мајами.

За кого навиваат нашите политичари на Светско? Тошковски за Португалија, Пендаровски и Апасиев за Бразил, Бендевска за Босна…

 

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот