Обвинение против серискиот убиец од Кумановско: убил четири жени за да ги задоволува своите страсти
Обвинителството поднесе обвинителен акт со кој го товари 25-годишниот Трајко Бојковски од Старо Нагоричане за четири убиства и два обиди за убиство на повозрасни жени од регионот. Бидејќи со умисла лишил од живот повеќе лица, согласно член 123 став 3 од Кривичниот законик, му се заканува казна затвор од најмалку 10 години или доживотен затвор. …

