Илустративна фотографија за љубовен пар / Фото: Pexels

Што ако уште на првата љубовна средба си ја откриете „најлошата страна“?

Што ако на првиот состанок, наместо да се претставите како најдобрата верзија од себе, се појавите токму такви какви што сте? Без преправање, без глумење и без обид да оставите совршен прв впечаток. Иако на многумина ова можеби им звучи необично, сè повеќе луѓе го прифаќаат токму овој пристап. Новиот дејтинг тренд се нарекува „гоблин-интимност“ (goblin intimacy) и се темели на идејата уште од самиот почеток да го покажете своето вистинско лице и да си ја откриете „најлошата страна“ – со сите доблести, недостатоци, несовршености и животни искуства, пишува „Индекс“.

Идејата е едноставна: ако некому не му одговарате такви какви што сте, подобро е тоа да се открие веднаш отколку по неколку месеци врска.

Што претставува „гоблин-интимноста“?

Според експертите, станува збор за своевиден отпор кон разубавената реалност која доминира на апликациите за запознавање.

„Гоблин-интимноста е своевиден роднина на таканаречениот гоблин-режим“, вели советничката за партнерски односи Ејми Чен.

„Тоа е бунт против состаноците на кои луѓето глумат верзија од себе за која мислат дека најмногу ќе ѝ се допадне на другата личност. Наместо тоа, се појавувате како вистинскиот вие – со сите свои чудни карактеристики, навики и несовршености.“

Во време кога апликациите за запознавање и вештачката интелигенција сè повеќе влијаат врз начинот на кој луѓето создаваат врски, не е изненадување што дел од сингл луѓето бараат целосна искреност уште од самиот почеток.

Советничката за врски Дамона Хофман смета дека многумина се уморни од претставување на идеализирана верзија од себе и од различните „правила“ за освојување.

„Разбирам зошто овој тренд е привлечен. Луѓето се уморни од преправање и од љубовни игри“, вели таа.

„Сè почесто се поставува прашањето што денес е вистинско, а што не. Многумина сфатија дека разни правила и трикови не функционираат за секого и дека е многу поважно да пронајдат личност на која ќе ѝ се допаднат токму такви какви што се.“

Токму затоа, наместо внимателно да ги кријат своите недостатоци, сè повеќе луѓе уште на првиот состанок отворено ги покажуваат своите навики, слабости и особености, верувајќи дека искреноста е најдобрата основа за долгорочна врска.

Сте слушнале ли за „Вандерлав“? Новиот летен дејтинг тренд не е за „слаби“

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот