Европски совет/ Фото: EPA-EFE/Riccardo Pareggiani / POOL

Во октомври ќе се одржи стратешка расправа за пристапувањето на Западен Балкан во ЕУ

Во контекст на новиот импулс во процесот на проширување и потсетувајќи на Декларацијата од Гранада, Европскиот совет ќе одржи стратешка дискусија за проширувањето и реформите на својот состанок во октомври 2026 година, соопшти Европскиот совет по состанокот што се одржа на 18 и 19 јуни во Брисел.

Во однос на Западниот Балкан, Советот го поздравува одржаниот Самит на ЕУ и Западен Балкан во Тиват, Црна Гора, на 5 јуни 2026 година, кој придонесе за „новиот замав во процесот на проширување“.

Европскиот совет, повикувајќи се на претходните заклучоци, повторува дека ЕУ ќе продолжи со блиската соработка со Западниот Балкан и ќе ги поддржува напорите за реформи на патот кон членство.

„Советот останува посветен на напредокот на постепената интеграција меѓу ЕУ и регионот во рамките на процесот на проширување, заснован на заслуги, но и со можност за реверсибилност на процесот“, соопштија од Европскиот совет.

На последниот самит во Тиват, Франција и Германија претставија „нон-пејпер“, иницијатива со која повикуваа на нов процес на „структурирана постепена интеграција“ за земјите-кандидати за членство во ЕУ со земјите од Западен Балкан. Иницијативата има за цел да им овозможи на кандидатите порано да добијат придобивки од поблиска интеграција во блокот, истовремено задржувајќи го постојниот пристап базиран на заслуги за пристапување.

„Проширувањето останува една од најатрактивните понуди и највлијателните политички инструменти што ги има Унијата. Но, политиката на проширување има потреба од нова динамика“, стоеше во документот.

Париз и Берлин рекоа самитот во Тиват, како и самиот т ЕУ–Молдавија на 22 јуни се можност за „оживување на процесот“. Тие сметаат дека на кандидатите им се потребни дополнителни стимули покрај постојната рамка за пристапување.

„За таа цел, ние целиме кон нов, процесно ориентиран пристап кој ги намалува претерано формализираните пречки за меѓуфази и ја поедноставува сегашната методологија (т.е. со спојување на некои процедурни чекори)“, пишуваше во документот.

Франција и Германија туркаат иницијатива за „постепена интеграција“ на Западен Балкан во ЕУ

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот