Фото: EPA-EFE/ANDREJ CUKIC

Жељко Обрадовиќ е нов тренер на Панатинаикос

Жељко Обрадовиќ е новиот тренер на Панатинаикос, сега нема сомнение за тоа. Оваа информација практично ја потврди Димитрис Јанакопулос, претседателот на грчкиот кошаркарски клуб, на својот Инстаграм профил.

Тој објави слика со Обрадовиќ и остави прилично јасна порака.

Приказната продолжува – напиша тој.

Српскиот стратег Обрадовиќ (66) така се враќа на тренерската работа по четири и пол години во Партизан, а потоа и пауза што траеше околу седум месеци.

Најдобриот европски тренер на сите времиња го освои грчкото првенство 11 пати, како и пет титули во Евролигата за време на својот прв престој во Панатинаикос.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот