За Владата одлуката од Стразбур е во корист на државата

Влада на РСМ / фото: Драган Митрески - Слободен печат

Македонската Влада ја поздрави денешната одлука на Европскиот суд за човекови права (ЕСЧП) во Стразбур како одлука во полза на државата која што потврдува дека жалбите на апликантите во целост се прогласени за недозволени вклучително и во делот за наводните помилувања.

„Аргументите на Владата во однос на недозволеноста на апликациите се целосно уважени од страна на ЕСЧП. Спротивно на тврдењата на апликантите, ЕСЧП не утврдува прекршување на Европската Конвенција за заштита на човековите права (ЕКЧП)“, соопшти владината прес-служба.

Одлуката која денес ја донесе ЕСЧП се однесува на 6 случаи од апликанти кои пред Судот во Стразбур ја тужеа Република Северна Македонија со наводи за повреда на ЕКЧП по член 5 и член 6. Со одлуката, Судот смета дека жалбите на апликантите се недозволени во принцип поради неискористување на домашните правни лекови.

Од Владата додаваат дека за земјава владеењето на правото е еден од највисоките приоритети, а „Владата во рамките на своите надлежности обезбедува поддршка за самостојно и независно функционирање на правосудниот систем без дополнителни коментари за да не се влијае на понатамошните процеси, бидејќи случаите се уште се во тек пред домашните судови.

Пендаровски ја поздрави одлуката на Судот во Стразбур: Тужбата против земјава е отфрлена

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот