Огромен астероид ита кон Земјата — во сабота ќе биде најблиску до нас
Овој викенд вљубениците во астрономијата ќе уживаат во интересен момент на небото. На 27 јуни, сабота, Астероидот (152637) 1997 NC1 ќе помине покрај Земјата и ќе биде видлив за гледачите на ѕвезди со помош на мал телескоп или поголем двоглед, објави Европската вселенска агенција (ЕСА).
Препорачано
Астероидот ќе се приближи до Земјата на 2.560.000 километри во сабота во 11:14 часот по Гринич, што е шестпати повеќе од растојанието помеѓу Земјата и Месечината.
Иако се движи со брзина од речиси девет километри во секунда, не претставува закана за Земјата бидејќи можноста за удар е целосно исклучена. Дијаметарот на астероидот, откриен во 1997 година, е помеѓу 750 и 1.650 метри, а овие проценки се засноваат на количината на сончева светлина што ја рефлектира карпата, додека други истражувања сугерираат дека може да биде помала, според ЕСА.
– Приближувањето на објект од оваа големина до Земјата се случува само на неколку години, иако овој пат светлата блиска Месечина би можела да ја попречи неговата видливост при најблиското приближување – изјавил Хуан Луис Кано од Канцеларијата за планетарна одбрана на ЕСА.
Астероидот ќе биде видлив во делови од северната хемисфера додека се приближува, речиси секаде додека брзо поминува покрај Земјата и само од јужната хемисфера додека се повлекува.


