Фото: Pexels / Luiz Woellner Fotografia

Дали сте слушнале за правилото од 48 часа? Експерт вели дека би можело да го подобри љубовниот живот

Колку време ви е потребно за да сфатите дали сте заинтересирани за некого на првиот состанок? Многу луѓе ќе кажат дека чувството е речиси моментално и ќе ја отпишат личноста пред навистина да ја запознаат. Иако е вистина дека можете да почувствувате привлечност многу брзо, таа може да се развие и со текот на времето, пишува „Вајс“.

Според Џули Нгуен, сертифициран советник за врски во апликација за запознавање, повеќето луѓе ги донесуваат своите одлуки премногу брзо.

За да се справи со овој проблем со модерното запознавање, таа го создаде „правилото од 48 часа“, кое бара да си дадете два цели дена по првиот состанок за да одлучите дали сакате втор состанок.

– Правилото од 48 часа е за давање простор да донесете одлука. Пред да отпишете некого или да се согласите на втор состанок, дајте си два дена да размислите – објаснила таа.

– Наместо да анализирате секој детаљ, следете како вашите чувства се смируваат со текот на времето и што останува откако почетниот интензитет ќе исчезне. По 48 часа, проверете како се чувствувате и што ви кажува интуицијата за вториот состанок – додала таа.

Ако сакате да го пробате ова правило, Нгуен предлага да обрнете внимание на четири знаци во текот на тој дводневен период.

Во тој период, вели Нгуен, важно е да обрнете внимание на неколку знаци што можат да ви помогнат да одлучите дали да ја продолжите врската. Ако се чувствувате смирено и опуштено по состанокот, тоа е добар показател, бидејќи почетната „хемија“ често е комбинација од возбуда и несигурност, а не вистинска компатибилност.

– Честопати погрешно го толкуваме тој интензитет како привлечност, иако станува збор само за активирање на нервниот систем. Посигурен сигнал е смиреност и леснотија во врската – истакнала таа.

Исто така е важно да забележите што ви останува во умот – не само впечатокот, туку и специфичните детали за личноста. Ако сè уште се сеќавате на нивните шеги или размислувате за нивните ставови, тоа би можело да укаже на вистинска врска.

Слично на тоа, љубопитноста по состанокот е добар знак: ако вашите мисли природно се движат кон таа личност и сакате подобро да ја запознаете, постои потенцијал за следење.

Конечно, важен индикатор е чувството за автентичност – ако можете веднаш да се опуштите со некого и да бидете себеси без да се преправате, тоа е врска што вреди да се истражи понатаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот