Лајонел Ричи / Фото: EPA/FACUNDO ARRIZABALAGA

ВИДЕО | Присутните уште на почетокот забележале дека нешто не е во ред — прекинат концерт на легендарниот Ричи, му се слошило на сцена

Легендарниот американски музичар Лајонел Ричи беше принуден да го прекине првиот концерт од својата нова турнеја, откако му се слошило додека настапувал пред публиката.

Ричи во средата настапуваше во „Гранд Казино Арена“ во Сент Пол, Минесота, како дел од заедничката турнеја „Sing A Song All Night Long“ со легендарната група „Ерт, Винд енд Фајр“.

Концертот бил прекинат додека Ричи на клавир ја изведувал својата позната балада „Three Times a Lady“. Според порталот „Бринг ми д њуз“, музичарот ненадејно ја напуштил сцената, а неколку моменти подоцна тоа го направиле и членовите на неговиот бенд.

По околу 40 минути неизвесност, на сцената се вратил саксофонистот Дино Солдо, кој ѝ се обратил на публиката.

„За жал, Лајонел не се чувствува добро. Нема да може да го продолжи концертот. Дополнителни информации ќе бидат објавени подоцна“, изјавил Солдо.

Засега Лајонел Ричи и неговиот тим не се огласиле за причините поради кои настапот бил прекинат.

Посетителите на концертот на социјалните мрежи напишаа дека уште од самиот почеток било забележливо дека пејачот не се чувствува добро. Според нив, тој неколкупати го прекинал настапот и изгледал несигурно додека се движел по сцената.

Објавени се и видеоснимки на кои може да се види дека Ричи неколкупати запира за време на настапот. Според сведоштвата на дел од присутните, тој им рекол дека чувствува вртоглавица.

„Доволно долго сум во оваа работа. Ако ви се врти, седнете. Ако не се чувствувате добро, седнете“, наводно им порачал тој на присутните.

@misshollywoodmedia #thechatwithmisshollywood #thedailynewswrapmisshollywood #misshollywoodmedia💋 #entertainmentnews #lionelrichie ♬ original sound – Thechatwithmisshollywood‼️


Во првиот дел од концертот настапила групата „Ерт, Винд енд Фајр“, додека вториот бил резервиран за Ричи. Заедничката турнеја треба да опфати вкупно 26 градови, а следниот концерт е закажан за 26 јуни во „Јунајтед центар“ во Чикаго.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот