Совети од Клиника „Жан Митрев“: Што е сколиоза, како да ја препознаете кај детето и како се третира?
Спортувањето не е гаранција дека деформитетот нема да се развие. Во основа, ’рбетните деформитети се генетски предодредени и генетиката кажува кога ќе се јави деформитетот, колку брзо прогредира и кога ќе заврши.
Сколиозата претставува комплексен тродимензионален ‘рбетен деформитет, каде што одреден сегмент на ’рбетот е искривен на страна, со присутна ротација на пршлените околу нивната вертикална оска.
Препорачано
Првите знаци што родителите вообичаено ги забележуваат се нееднаква висина на рамената, нееднаква линија на половината, потоа, присуство на грпка при наведнување напред или впечаток како едниот колк да е настрана од другиот.

Кога се јавува сколиозата?
Најрано може да се видат по самото раѓање, а може да се јави дури до длабока старост. Секоја од овие групи си имаат свои карактеристики, своја еволуција и свој посебен начин на третирање. Меѓутоа, приоритетот кај сите од нив е раното откривање, затоа што раното откривање ни овозможува рано да започнеме со третман, а со тоа и да превенираме катастрофални последици од нивниот развој.
Многу од родителите што доаѓаат на преглед со дечиња кај кои е дијагностицирана сколиоза, кажуваат дека спортувале цело време, биле активни, меѓутоа сколиозата се појавила.
Спортувањето не е гаранција дека деформитетот нема да се развие. Во основа, ’рбетните деформитети се генетски предодредени и генетиката кажува кога ќе се јави деформитетот, колку брзо прогредира и кога ќе заврши. Така што, посетувањето на спортски активности не е замена за редовни контроли или внимание од родителите во однос на секоја симетрија што ќе ја забележат.

Кои современи третмани на сколиоза се нудат во денешницата?
Современиот третман на сколиозата подразбира индивидуализиран пристап, кој зависи од возраста на пациентот, типот на деформитетот и од потенцијалот за раст.
Овие се тие фактори што ни детерминираат како ќе го третираме пациентот, затоа што во основа третманот оди по фази. Така, како што се јавува и прогредира деформитетот и детето расте, така го калибрираме соодветно и третманот.
Третманот започнува со специјализиран концепт на корективни вежби во однос на физикалната рехабилитација, потоа современиот концепт на изработка на специјализирани корсети за сколиоза што се прават со 3Д скенирање на телото на детето, додека за најнапредната група деформитети е предвиден соодветен хируршки метод, и таму се користат други соодветни хируршки третмани.
Стручниот тим на Клиниката „Жан Митрев“ ви стои на располагање. Закажете термин или информирајте се на тел. 02 309 1484
Д-р Нерон Поповски
Ортопедски спинален хирург

Комерцијален текст


