ФОТО | Без заби и непрепознатлив — новите фотографии на некогашниот најпосакуван маж во Холивуд ја вознемирија јавноста
Холивудскиот актер и поранешен професионален боксер Мики Рурк беше фотографиран за време на прошетка во Лос Анџелес во издание што ја изненади јавноста.
Препорачано
На фотографиите, 73-годишниот актер носи валкана сива дуксерка со патент и качулка, избледени фармерки и очила за сонце, додека шета со своето мало бело куче. Најголемо внимание, сепак, привлече тоа што на фотографиите се гледа дека му недостигаат заби, поради што многумина тврдат дека на прв поглед не го препознале.
Disheveled Mickey Rourke shows off missing teeth after being evicted from LA home https://t.co/5gFz1npKee pic.twitter.com/BSUZZm4gV4
— New York Post (@nypost) June 25, 2026
Да потсетиме, пред неколку месеци Рурк остана без дом во Лос Анџелес. Кон крајот на минатата година тој беше иселен од куќата што ја изнајмувал, откако не платил речиси 60.000 долари кирија.
Неговите претставници тогаш објаснија дека актерот престанал да ја плаќа киријата бидејќи условите за живеење во куќата биле неприфатливи. Според Рурк, имало сериозен проблем со глодари, како и чести дефекти на водоводот и бањата, кои, и покрај повеќекратните барања, никогаш не биле трајно санирани.
Mickey Rourke in the 80s.
See more photos: https://t.co/zgblLwqoTA pic.twitter.com/xRFyaP0wXk
— History Defined (@historydefined) November 28, 2025
Во меѓувреме, асистентката на неговата менаџерка покрена кампања на „ГоуФандМи“, преку која обожавателите собраа околу 100.000 долари за да му помогнат. Сепак, актерот одби да ги прифати донациите, нарекувајќи ја акцијата „суров срам“.
Во март годинава, судот во Лос Анџелес пресуди во корист на сопственикот на куќата, Ерик Т. Голди, кој во тужбата навел дека Рурк должи 59.100 долари неплатена кирија. Со судската одлука, договорот за закуп беше раскинат, а актерот го загуби правото да ја користи куќата.


