Фото: FC Pelister Bitola

Секуловски: Има механизми преку кои ФК Пелистер би можел да остане во Првата лига

Денеска фудбалскиот клуб Пелистер имаше завршна прес-конференција за натпреварувачката сезона 2025/26.

На истата на средбата со медиумите се обратија Александар Стефановски, Марјан Секуловски и Мирко Ивановски.

Откако не успеа да обезбеди опстанок во Првата македонска лига, битолскиот клуб ја информираше јавноста дека претседателот на клубот, заедно со целокупната управувачка структура, техничкиот директор и целиот стручен штаб, ќе поднесат оставки до градоначалникот на Општина Битола, преземајќи морална одговорност за остварениот резултат.

На прес-конференцијата се огласи тренерот на Пелистер, Марјан Секуловски кои им се заблагодари на навивачите за поддршката, но и упати извинување бидејќи не беше остварена целта да се остане во елитата.

– Имавме пет победи, трипати одигравме реми и запишавме само еден пораз на девет натпревари. И со тие 18 бодови со мене на клупата ќе бевме второпласирани на табелата. Мислам дека постојат механизми поради кои може ФК Пелистер да остане во Првата лига. Имаше случај во една соседна земја, која настапува на Мундијалот, каде што беше запрена одлуката за намалување на лигата. И од тој аспект, верувам дека може Пелистер да игра и следната сезона во елитата – рече Секуловски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот