Ромео, Круз и Бруклин Бекам / Фото: HENRY NICHOLLS / AFP / Profimedia

ФОТО | Среде семејната драма: Круз Бекам со нова тетоважа и силна порака

Круз Бекам во понеделникот ја покажа својата најнова тетоважа, токму во период кога неговата музичка кариера почнува сериозно да зема замав. Најмладиот син на Дејвид и Викторија Бекам, кој има 20 години, сподели фотографија без маица на Инстаграм, на која во преден план е новaта тетоважа, пишува „Дејли мејл“.

Круз Бекам – Фото: Инстаграм

Иако фотографијата не е целосно јасна, се чини дека станува збор за религиозен мотив, сличен на тетоважата што веќе ја има неговиот брат Ромео. Тетоважата што се наоѓа над новиот дизајн е направена минатата година и претставува омаж на легендарниот член на Битлси, Џон Ленон. Круз ги истетовирал стиховите од песната „Just Like Starting Over “ преку рамениците. Познато е дека браќата Бекам имаат голема љубов кон тетоважите и често го посетуваат познатиот тату-уметник Certified Letter Boy во Лондон.

Во последните години, Круз интензивно се посвети на музиката, а според членовите на британскиот бенд „Кукс“ (The Kooks), тој е на пат да стане вистинска рок-ѕвезда. Неодамна дебитираше со сингловите „Optics“ и „Lick The Toad“, а со својот бенд „Брејкерс“ (The Breakers) одржа и неколку помали концерти во живо.

Подоцна овој и наредниот месец, Круз и „Брејкерс“ тргнуваат на турнеја низ Британија, а планирани се и настапи во Париз, Амстердам и Берлин. По најавата на турнејата, меѓу првите што јавно го поддржаа беше неговата мајка Викторија Бекам, која напиша:

„Толку сум горда на тебе, Круз!!“

Сето ова се случува по наводното повлекување на провокацијата упатена кон неговиот брат Бруклин, откако Круз го избриша контроверзното тикток-видео објавено минатиот вторник. Во видеото, снимено со Ромео, стоеше натписот:

„Замислете да нè мразите, а ние само си живееме вака.“

Видеото беше протолкувано како провокација бидејќи следеше кратко по шокантната изјава на 26-годишниот Бруклин, кој јавно се дистанцираше од родителите, критикувајќи го, како што рече, „неавтентичниот“ начин на живот на семејството.

Додека Викторија и Дејвид Бекам не коментираа јавно, видеото на Круз предизвика дополнителни тензии, што најверојатно доведе до негово бришење. Минатиот месец, Бруклин објави изјава во која наведе дека не е заинтересиран за помирување со семејството, вклучувајќи го и татко му Дејвид, но не ги спомена браќата Ромео и Круз, ниту 14-годишната сестра Харпер.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот