ВИДЕО | Џенифер Лопез повторно провоцира во смелa моднa комбинациja – танцуваше во тесен проѕирен комбинезон
Џенифер Лопез уште еднаш успеа да ги разбранува социјалните мрежи по објавувањето на снимки од нејзиниот изглед на последниот концерт во Лас Вегас. Станува збор за тесен, проѕирен комбинезон кој го истакнуваше нејзиното импресивно тело.
Препорачано
Пејачката на настапот носеше припиен проѕирен комбинезон изработен од тантела што ја следеше линијата на телото и ги истакна сите нејзини атрибути.
Jennifer Lopez, 56, shows off her assests on tour pic.twitter.com/3QBQMHugZO
— TaraBull (@TaraBull) March 26, 2026
Според снимките, овој моден избор вклучувал и корсет-боди под мрежестата ткаенина, што дополнително ги нагласи нејзините облини.
Со оглед на тоа што често е мета на критики поради провокативните комбинации на сцената, Лопез реши да се осврне на тоа за време на концертот.
Jennifer Lopez goes viral for her incredible body at age 56 🔥 pic.twitter.com/E8q2WYZttT
— Daily Loud (@DailyLoud) March 26, 2026
„Зошто секогаш носи вакви работи?“, рече пејачката, а потоа прошета по сцената и се сврте за да ги покаже облините, на што публиката возврати со аплауз.
Насмеано додаде: „Сè уште не знам за што зборуваат“.
Снимките од нејзиниот настап брзо се проширија на социјалните мрежи, каде повторно се отвори дискусија дали ваквиот изглед ѝ прилега на 56-годишната пејачка.


