Нафтали Бенет и Јаир Лапид / Фото: EPA

Двајцата поранешни израелски премиери Бенет и Липит здружено против Нетанјаху

Поранешните израелски премиери Нафтали Бенет и Јаир Лапид се подготвуваат да најават заеднички настап на претстојните избори во Израел, јавува Анадолија.

„Поранешниот премиер Нафтали Бенет и поранешниот премиер Јаир Лапид ќе го објават првиот чекор во процесот на заздравување на Државата Израел: спојувањето на партијата Јеш Атид и партијата Бенет 2026 во една партија предводена од премиерот Нафтали Бенет“, објави денес неговата канцеларија.

„Овој потег го обединува реформскиот блок, ги завршува внатрешните конфликти и овозможува сите напори да бидат фокусирани на убедлива победа на претстојните избори и да го водат Израел кон потребните реформи“, се додава во соопштението.

Нова фаза на израелската опозиција

Објавата означува нова фаза на координација во рамките на израелската опозиција, бидејќи партиите се стремат да ја консолидираат поддршката и да презентираат обединет фронт против владата предводена од премиерот Бенјамин Нетанјаху.

Израелските избори се закажани за октомври.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот