Голамреза Хани Шакараб / Фото: Hengaw Organization for Human Rights

Иран погуби поранешен ММА-борач осуден дека шпионирал за Израел

Иран неделава го погубил поранешниот ММА борец Голамреза Хани Шакараб, кој беше обвинет за шпионажа и соработка со Израел, во случај што организациите за човекови права го оценуваат како нетранспарентен и политички мотивиран, објавија светските медиуми повикувајќи се на државната иранска агенција Тасним.

Шакараб потекнувал од градот Ардабил во северозападен Иран. Се занимавал со мешани боречки вештини (ММА), а работел и како тренер и меѓународен судија.

Според организациите за човекови права, извесен период живеел во Турција, а во 2025 година бил уапсен за време на патување во Ирак. Иранските власти го обвинија за „шпионажа и разузнавачка соработка со ционистичкиот режим“, односно за соработка со израелската разузнавачка служба Мосад.

Според иранското правосудство, Шакараб бил дел од мрежа што наводно регрутирала луѓе за активности против безбедноста на државата и планирала саботажи. Властите соопштија дека смртната казна била потврдена од Врховниот суд пред да биде извршена.

Организациите Iran Human Rights и Hengaw остро ја осудија постапката и наведоа дека случајот бил воден без доволна транспарентност, дека на обвинетиот не му било овозможено слободно да избере адвокат и дека постои сомнеж оти признанието да било изнудено под притисок.

Иранските власти не објавија јавно достапни докази за наводите за шпионажа. Организациите за човекови права предупредуваат дека во Иран во последните години е забележан пораст на бројот на егзекуции поврзани со наводна соработка со Израел.

Нобеловката Мохамади доживеа срцев удар во затвор – пренесена е во болница во Иран

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот