Менди Ќура Фото: Принтскрин

Менди Ќира го продава службеното „Ауди“ на Мерко, најави бркање неработници од општината

Новиот градоначалник на Струга, Менди Ќира, денеска го прими уверението за мандатот, по што имаше примопредавање на функцијата од досегашниот градоначалник Рамиз Мерко.

Ќира на прес-конференција се заблагодари за поддршката и вети дека ќе биде градоначалник за сите граѓани на Струга, без разлика дали го дале својот глас за него и оти веднаш ќе почне со реализација на ветеното. Тој повтори дека од денеска „почнуваат промените“ во општина Струга.

Ќира рече дека веднаш потпишал предлог-одлука за продажба на службениот автомобил „Ауди“ кој го купи неговиот претходник и дека својот приватен автомобил ќе го користи за службени потреби.

„Денеска почнуваме од зборови на дела. Промените почнуват, мојот изборен и среќен број, 133, стои и на таблиците на мојот автомобил, кој од денеска ќе ѝ служи на Општина Струга во наредните 4 години. Исто така, донесовме важна одлука – за сите вработени кои не одат на работа со денови, месеци и со години, а некои од нив работат во странство, од денеска почнува процес на раскинување на решенијата за вработување“, рече Ќира.

Како еден од најголемите приоритети го посочи патот Мороишта-Струга, потоа решавањето на проблемот со паркинг местата, комуналните проблеми.Во врска со проблемот со депонијата во Струга, смета дека ќе се реши со отворањето на регионална депонија што се очекува да се случи во 2026 година.Ќура рече и дека во договор со Владата во наредните денови комуналното претпријатие ќе добие 8.000 канти за смет, како и возила за потребите на претпријатието.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот