Македонската репрезентативка Ангела Јанкуловска ќе игра за Дунајска Стреда
Членот на македонската женска сениорска ракометна репрезентација, Ангела Јанкуловска (23) од следната сезона ќе настапува во Словачка.
Препорачано
Нашата репрезентативка, која игра на позицијата лев бек, од натпреварувачката сезона 2026/27 ќе го носи дресот на Дунајска Стреда.
Јанкуловскa изминатите две сезони играше во Чешка за екипата на Славија Прага што е нејзин прв трансфер во странство. Со Славија Прага успеа да стане шампион на Чешка, а Јанкуловска со своите голови беше една од најзаслужните за големиот успех.
Претходно, беше дел од ракометниот клуб Ѓорче Петров со кој успеа да дојде до три титули шампион на Македонија, а стигна и до четвртфиналето во Европскиот куп на ЕХФ.
Исто така, во својата клупска кариера на домашната ракометна сцена го носеше и дресот на Куманово и Пелистер.
Дунајска Стреда во текот на минатата натпреварувачка сезона заврши на второто место во првенството, а дојде до титулата во регионалната МОЛ лига.
Почитуван читателу,
Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
СЛОБОДЕН ПЕЧАТ. Е-БИЛТЕН
НЕ ГУБИ ВРЕМЕ! ЗАЧЛЕНИ СЕ И ДОБИЈ ГИ НАЈВАЖНИТЕВЕСТИ НА НЕДЕЛАТА - БЕСПЛАТНО ВО ТВОЈАТА Е-ПОШТА!
-
Најново
-
Најчитано
-
6мин
-
46мин
-
2час
-
2час
-
3час
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5
Препорачано од оваа категорија
-
1
-
2
-
3
-
4
-
5


