Фото: илустрација / Телевизија M»Net HD / Фејсбук / скриншот

Пожарите на отворено се разгоруваат, денес ги имало 14 низ Македонија

До 20 часот денеска на територијата на државата се регистрирани вкупно 14 пожари на отворен простор, од кои два се сè уште активни, а 12 се изгаснати, соопшти Центарот за управување со кризи (ЦУК).

Активни се пожарите во близина на стадионот во Кичево, каде што гори стрниште и сува трева, како и кај тунелот на обиколницата во Битола.

Во текот на денот изгаснати се пожарите во Демир Капија, Ѓорче Петров, Центар (на две локации), Новаци, Прилеп, Дебар, Дебарца, Свети Николе, Кочани, Пробиштип и Куманово.

Пожарите зафатиле сува трева, стрништа, ниви со жито, деградирана шума, депонии, ѓубре, како и помошен објект, две куќи и едно патничко возило.

Од ЦУК велат дека надлежните служби и понатаму ја следат состојбата и интервенираат на активните жаришта.

Со смарт камери ќе се откриваат пожари на критичните локации

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот