ВИДЕО | Грабеж во Лувр: Најпосетуваниот музеј во светот привремено затворен

Музејот Лувр, најпосетуваниот музеј во светот, е привремено затворен по грабеж, изјави француската министерка за култура Рашида Дати, јавува британски Метро.

На мрежата X, Дати рече дека грабежот се случил во недела наутро и дека немало извештаи за повредени. Покрената е истрага за да се утврдат сите околности на инцидентот.

Лувр објави дека е затворен од „вонредни причини“ во текот на денот, но не даде дополнителни детали, објави Би-Би-Си.

Музејот содржи многу познати уметнички дела и други вредни предмети, што го прави една од најважните културни институции во светот.

Украдена колекцијата на Наполеон?

Според францускиот весник „Ле Паризиен“, неколку лица успеале да украдат накит од музејот Лувр во Париз, утрово.

Според првичните наоди од истрагата, крадци со качулки го искористиле пристапот до зградата на брегот на Сена, каде што се во тек градежни работи. Тие користеле товарен лифт за да стигнат директно до една соба во галеријата „Аполон“.

Откако ги скршиле прозорците, двајца од нив влегле во зградата, додека третиот останал надвор. Крадците украле девет парчиња од колекцијата накит на Наполеон и царицата: ѓердан, брош, тиара итн. Тие избегале со скутер.

Од друга страна според внатрешен извор во Лувр, познатиот „Регент“, најголемиот дијамант во колекцијата, со тежина од повеќе од 140 карати, не е украден. Штетата сè уште не е проценета.

Шефот на полицијата најави вонредна прес-конференција за попладнето на која ќе ги презентира најновите информации за истрагата.

„Јас сум на лице место со музејските екипи и полицијата. Истрагата е во тек.“

Зградата е затворена за посетители до понатамошно известување. 

„Музејот Лувр ќе биде затворен денес поради исклучителни околности“, се вели во официјалниот X профил на музејот.

Посетителите што биле во музејот уште се внатре и не можат да излезат.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот