Пожар во Кина - Извор принтскрин

Трагедија во Кина: се запали станбена зграда, најмалку петмина загинаа

Голем пожар утрово избувнал во станбена зграда во кинескиот град Џенгџоу, при што загинале најмалку пет луѓе, а еден човек бил повреден, објави „Чајна дејли“.

Според локалното Биро за противпожарна заштита и спасување, пожарот избувнал во 7:51 часот во округот Хуиџи, а зафатил површина од околу 15 квадратни метри.

Противпожарните екипи го изгаснале пожарот околу 15 минути по неговото избувнување, наведоа властите.

По гаснењето бил спроведен целосен претрес и спасувачка операција. Повредената жртва е згрижена и се наоѓа во стабилна состојба, соопштија официјалните лица.

Се спроведува дополнителна истрага за причините за инцидентот.

Еден мртов во пожар во станбена зграда во Кина

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот