Пожар во Кина / Фото EPA-EFE/LEUNG MAN HEI

Еден мртов во пожар во станбена зграда во Кина

Едно лице загина, а три се повредени утринава во експлозија во станбена зграда во Харбин, главниот град на североисточната кинеска провинција Хејлунгџанг, соопштија локалните власти.

Несреќата, за која постои сомневање дека е предизвикана од експлозија на резервоар за плин, се случила утринава околу 7 часот, а повредените не се во животна опасност, се наведува во соопштението.

Како што пренесува агенцијата Ксинхуа, во тек е истрага за причините за експлозијата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот