Кели Ли Кертис и Џејми Ли Кертис / Фото: Dee Cercone / Everett / Profimedia

Почина актерката Кели Ли Кертис, сестра на Џејми Ли Кертис

Актерката Кели Ли Кертис, сестра на познатата актерка Џејми Ли Кертис почина на 69 години, а тажната вест ја објави токму Џејми преку социјалните мрежи, пренесуваат странските медиуми.

Трогателна објава на социјалните мрежи ја потврди смртта на Кели Кертис, опишувајќи ја како „неверојатно убава“ и „талентирана актерка“.

„Топол алоха поздрав за мојата постара сестра, Кели Ли Кертис“, напиша Џејми, додавајќи:

„Почина утрово. Во својот дом. Во природата. Во мир. Таа беше моја прва пријателка и доживотна личност од доверба. Беше неверојатно убава и талентирана актерка. Беше опасен играч на карти, собираше желки, ја сакаше својата фамилија, природата, музиката, купувањето на половни работи, патувањата, Фејсбук и Покемон гоу. Беше горда на своите дански и унгарско-еврејски корени и беше посветен американски патриот.“

Кели се појави во мала улога со нејзината сестра во „Тргување на места“ и глумеше во германската комедија од 1987 година „Магични стапчиња“ и италијанскиот хорор-филм од 1991 година „Ќерката на ѓаволот. Таа беше најпозната по своите улоги во филмот „Тркало на среќата“ и телевизиската серија „Чуварот“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот