Зградата во скопската населба Тафталиџе / Фото: Слободен печат
Фото: Слободен печат / Зоран Проданов

Мајката поднела тужба да се разведе од насилникот, а во ЦСР Скопје пред еден месец е пријавено дека сопругот ја тепал

Починатата жена чиј живот вчера оконча во скопски Карпош, при пад од зграда заедно со нејзиното малолетно дете, заедно со насилниот сопруг за прв пат се евидентирани во Центарот за социјални работи на 7 октомври 2025 година по барање на  Основниот граѓански суд за постапување по тужба за развод на брак, велат од Министерството за социјална политика, демографија и млади за „Слободен печат“.

Во однос на пријавено насилство, допис од Министерството за внатрешни работи во ЦСР Скопје е примен и заведен во Центарот пред еден месец на 2 февруари 2026 година, а се однесува на настан од 19 декември 2025 година, за сторен прекршок против јавниот ред и мир, односно физички напад на сопругот врз сопругата.

Министерството има јасен и недвосмислен став: секое евентуално пропуштање, ненавремено постапување или непочитување на законските обврски мора да биде целосно утврдено, а одговорност мора да има согласно закон. Министерството за социјална политика, демографија и млади изразува длабоко сочувство до семејството и блиските. Министерството веднаш изврши вонреден инспекциски надзор во Центарот за социјални работи – Скопје, со цел целосно и непристрасно утврдување на фактичката состојба и начинот на постапување на институцијата. Заштитата на жртвите на насилство и превенцијата од семејно насилство се врвен приоритет и нема да дозволиме институционални слабости да останат неадресирани, велат од Министерството.

Инспекцискиот надзор е во тек, а по неговото завршување Министерството транспарентно ќе ја информира јавноста за наодите и за понатамошните мерки. Министерството будно ќе го следи случајот и ќе преземе сè што е во негова надлежност за да се обезбеди целосна одговорност и зајакнување на системот на заштита, уверуваат оттаму.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот