Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

12 години затвор за Стојанче Јовановски – виновен е и за наведување на самоубиство на Ивана

Дванаесет години затвор му изрече судијата Ивица Стефановски на Стојанче Јовановски обвинет за загрозување на сигурноста, телесни повреди при семејно насилство и наведување на самоубиство на неговата сопруга Ивана чиј живот оконча на 2 март годинава со пад од балкон заедно со шестгодишната ќерка Катја. Тој е прогласен за виновен за сите три кривични дела што му се ставаа на товар. За првпат во Македонија е изречена казна за наведување на самоубиство како кривично дело.

Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

За сите три дела на Јовановски изречена му е максимална казна – за телесна повреда 5 години, за загрозување на сигурноста 3 години и за наведување и помагање во самоубиство 5 години. Согласно Законот за кривична постапка, единствената затворска казна е 12 години.

Обвинителството побара тој да остане во притвор до правосилноста на пресудата и судот го прифати предлогот.

Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев
Стојанче Јовановски, фото „Слободен печат“ Методи Здравев

12 години затвор за Стојанче Јовановски – виновен е и за наведување на самоубиство на Ивана

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот