Министерот за земјоделство Цветан Трипуновски во посета на свињарска фарма во февруари 2026 г. / фото: Фејсбук / Цветан Трипуновски

СДСМ му поднесе интерпелација на „првиот земјоделец“, Цветан Трипуновски

Пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, објави на Фејсбук поранешниот министер за земјоделство и актуелен пратеник Љупчо Николовски.

– Денес пратеничката група на СДСМ поднесе интерпелација за министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски, прва интерпелација од наша страна за оваа Влада.

„Интерпелацијата се темели на сериозни и алармантни причини: корупција и сомнежи за злоупотреба на функцијата, клиентелизам, промашени и штетни политики, селективна распределба на субвенции и целосен недостатоток на јасна стратегија, што доведе до уназадување на секторот и растечко незадоволство кај земјоделците“, пишува Николовски во објавата.

„Во Собранието детално ќе ги изложиме фактите и аргументите. Одлуката е на пратениците, дали ќе дозволат земјоделството да продолжи да тоне или ќе застанат зад одговорност, транспарентност и вистински политики што носат резултати“, додава тој.

Трипуновски не се чувствува морално одговорен по апсењето на двајцата директори во неговиот ресор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот