Цветан Трипуновски / Фото; ТВ21 / скриншот

Трипуновски не се чувствува морално одговорен по апсењето на двајцата директори во неговиот ресор

Министерот за земјоделство, Цветан Трипуновски, во гостување на ТВ „21“ зборуваше за уапсените директори од Платежната агенција и од Државниот инспекторат за земјоделство, како и за истрагите за проневери во други случаи. Тој рече дека не чувствува одговорност како министер за очигледните злоупотреби во неговиот ресор, но и дека „нема никого да штити“.

Директорите Илија Стоилев и Васе Анакиев беа уапсени за наводно примање десетици илјади евра како поткуп.

-Ја следам работата во министерството во делот на тековното функционирање. Ако сум увидел неправилности, ќе сум реагирал. Немојте да имате дилема дека некого ќе штитам. Јас сум министер во ресор кој има десетина институции, ја следам програмата на Владата која сме ја ветиле пред граѓаните, рече Трипуновски.

„И јас трошам многу енергија да ја следам целта да направиме што подобро министерство. За секого што има сомнеж и доказ за корупција или било која неправилност, ќе има одговорност. Го осудив однесувањето на двајцата директори, но морална одговорност не чувствувам“, додаде тој.

Истражители ја „тресат“ Агенцијата за поддршка на земјоделството, некој пријавил поткуп

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот