Фото: EPA-EFE/ADAM VAUGHAN

ВИДЕО | Вејн Руни: Босанскиот голман требаше да добие црвен картон

Фудбалските репрезентации на Канада и Босна и Херцеговина одиграа нерешено 1:1 во првиот натпревар на Светското првенство. Јово Лукиќ, на асистенција на Иван Башиќ, ѝ донесе водство на Босна и Херцеговина во 21 минута, а Сајл Ларин во 78 минута стрелаше за Канаѓаните.

Во анализа за Би-Би-Си по натпреварот, легендарниот англиски напаѓач Вејн Руни нагласи дека верува оти Канада е тешко оштетена и дека босанскиот репрезентативец Никола Васиљ требало да биде исклучен во 49 минута.

Васиљ се судри со канадскиот напаѓач Тани Олувасеји на работ од шеснаесетникот. Васиљ прв ја доби топката и ја „боксираше“ за да ја отстрани опасноста, а потоа го удри Олувасеји во главата со рацете. Двајцата играчи останаа да лежат, а откако добија лекарска помош, го продолжија натпреварот. Беше донесена одлука дека Олувасеји се наоѓал во офсајд, но Руни верува дека Васиљ дефинитивно требало да добие црвен картон.

– Тоа е црвен картон. Заборавете на офсајдот. Видовме и претходно како играчите знаат да бидат фаулирани по свирежот, а сепак добиваат црвен картон. Мислам дека е опасна игра. Знам дека беше прв на топката, но потоа го удри, и тоа во слепоочницата, што е најлошото место да се добие удар. Може да завршите нокаутирани, може да има симптоми на потрес на мозокот седум дена. Погледнете го неговиот врат. Тоа е чист црвен картон – рече Руни.

Поранешниот судија, а сега аналитичар на судии, Дарен Кан, исто така беше во студиото, кој не се согласи со Руни и рече дека не гледа ништо спорно во дуелот на Васиљ со канадскиот напаѓач.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот