Фото: Drago Sopta/HNS

Влашиќ: Се надевам дека можеме да го повториме успехот од Катар

Хрватскиот репрезентативец Никола Влашиќ е оптимист за почетокот на Светското фудбалско првенство, каде што ќе се натпреварува по втор пат во кариерата. Играчот од средниот ред изјави дека искуството стекнато на претходниот Мундијал во Катар носи дополнителна самодоверба пред новите предизвици.

Влашиќ нагласува дека Хрватска се чувствува одлично во базата во Александрија и дека меѓу играчите владее позитивна атмосфера.

– Кога поминуваме покрај хотелот, гледаме колку се топли луѓето и колку убаво нè пречекаа. Од нас зависи да се покажеме во најдобро светло – рече Влашиќ.

Зборувајќи за својот втор настап на Светското првенсво, хрватскиот репрезентативец признава дека сега чувствува значително помал притисок отколку пред настапот во Катар.

– Ова е мое второ Светско првенство и сум многу помалку нервозен отколку првиот пат. Освоив медал во Катар и искуството значи многу. Имаме квалитетен тим, сите се здрави и нема проблеми со повреди. Се надевам дека ќе можеме да го повториме успехот од Катар – се зборовите на Влашиќ.

Хрватска на стартот во групата Л ќе игра против Англија на 17 јуни, а Влашиќ конкретно се осврна на Деклан Рајс, со кого некогаш ја делеше соблекувалната во Вест хем.

– Од првиот ден можеше да се види дека е врвен играч. Секогаш верував дека ќе го достигне ова ниво. Останавме во контакт и сум среќен за неговите успеси, но не му посакувам среќа против Хрватска. Англија има огромен квалитет и може да игра во различни системи. Мораме да ги затвориме просторите и да бидеме максимално концентрирани во текот на целата игра – кажа Влашиќ.

Потсетување, Хрватите на минатото СП во Катар во натпреварот за третото место триумфираа против Мароко со 2:1.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот