ЕУ воведува паметни броила со вештачка интелигенција за пониски сметки за струја и поефикасна мрежа
Европската комисија подготвува нов закон со кој ќе се забрза воведувањето на паметни броила засновани на вештачка интелигенција, со цел домаќинствата да трошат помалку електрична енергија во часовите кога побарувачката е најголема.
Препорачано
Според плановите на Комисијата, новите броила ќе им овозможат на граѓаните поголема контрола врз потрошувачката на струја, покажувајќи им кога електричната енергија е поевтина и поттикнувајќи ги да ги користат енергетски интензивните апарати во периоди со пониска побарувачка, пишува Политико.
Од Брисел очекуваат оваа мерка да придонесе за намалување на сметките за електрична енергија, но и за растоварување на електроенергетската мрежа во вечерните часови кога потрошувачката достигнува врв.
Иницијативата доаѓа во период кога Европската Унија се подготвува за значителен раст на побарувачката за електрична енергија, поттикнат од брзиот развој на центрите за податоци со вештачка интелигенција, електрификацијата на индустријата и зголемената употреба на електрични возила.
Кинезите лансираат „вештачко сонце“ кое генерира електрична енергија
Според Европската комисија, поефикасното управување со потрошувачката ќе помогне да се задржат цените на електричната енергија под контрола и да се обезбедат доволни количини енергија за индустријата, транспортот и дигиталната инфраструктура.


