Фото: МИА

УЈП објаснува што да правите ако сте ја заборавиле лозинката за „МојДДВ“

Управата за јавни приходи (УЈП) објави известување за граѓаните кои ја користат апликацијата „МојДДВ“, односно за оние кои имаат проблем со најавувањето поради заборавена лозинка.

Од УЈП информираат дека корисниците можат самостојно да ја ресетираат лозинката без да посетуваат шалтер, следејќи неколку едноставни чекори преку електронскиот систем. Постапката започнува со отворање на платформата за електронски услуги на УЈП, каде што корисникот треба да го внесе своето корисничко име и да ја избере опцијата „Заборавена лозинка“. Потоа, на регистрираната електронска адреса ќе биде испратен линк преку кој може да се креира нова лозинка.

Од Управата апелираат корисниците да ја проверат и папката за несакана пошта (Spam/Junk), доколку пораката не пристигне во главното сандаче.

За граѓаните кои повеќе немаат пристап до електронската адреса со која се регистрирани, потребно е да се обратат во најблиската организациона единица на УЈП за ажурирање на податоците.

Во случај на дополнителни проблеми, на располагање е и Контакт центарот на УЈП, каде што корисниците можат да добијат техничка поддршка и насоки.

МојДДВ е една од најкористените дигитални услуги на Управата за јавни приходи, преку која граѓаните скенираат фискални сметки и остваруваат поврат на дел од платениот данок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот