Проширување на пат, градежни работи / Фото: ''Слободен печат'' - Драган Митрески

Внимателно возете — на повеќе патишта низ државата се вршат градежни работи

Од АМСМ информираат дека на патиштата во државата во тек се повеќе градежни активности, поради што ги предупредуваат граѓаните да возат внимателно.

На делницата Гостивар – Стража се врши санација на неколку мостови, поради што е воведен времен режим на сообраќај. Работи се изведуваат и на мостовите на автопатот А2 кај село Желино, како и на скопската обиколница меѓу клучките Волково и Кондово, каде сообраќајот се одвива по две ленти поради затворање на левата лента за претекнување.

На автопатот А1, делница Смоквица – Гевгелија, се изведуваат работи за поставување интерконективен гасовод, додека на регионалниот пат Косоврасти – Мелнички Мост продолжува санацијата на свлечиште со времен режим на сообраќај.

Поради изградбата на Коридорот 10Д, на патниот правец Прилеп – Битола е во сила привремен режим на сообраќај, при што возилата се пренасочуваат по регионалниот пат од клучка Лагово до Тополчани.

АМСМ апелира до возачите да ја приспособат брзината на движење на условите на патот, да ја почитуваат сообраќајната сигнализација и да возат внимателно, особено на делниците каде е можна појава на одрони. Поголема претпазливост се препорачува на патиштата Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.

Од 15 април, патниот правец Охрид – Ресен преку Националниот парк Галичица е повторно отворен за сообраќај за возила до 3,5 тона.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот