Осумте нордиско-балтички земји поддржаа влез на Украина во НАТО и во ЕУ

Лидерите на осум нордиски и балтички земји од самитот во Талин испратија силна порака за поддршка на „неповратниот пат“ на Украина кон НАТО и нејзиното членство во Европската Унија „во најкраток можен рок“, пишуваат украинските медиуми.

На средбата во естонската престолнина присуствуваше и украинскиот претседател Володимир Зеленски, заедно со лидерите на Шведска, Норвешка, Финска, Данска, Исланд, Литванија, Латвија и Естонија.

Во заедничката изјава тие оценија дека Украина е стратешки безбедносен партнер на НАТО, кој директно придонесува за евроатлантската безбедност преку своето искуство од бојното поле, технолошките иновации и индустриските капацитети.

„Ја поддржуваме Украина на нејзиниот неповратен пат кон целосна евроатлантска интеграција, што вклучува и членство во НАТО“, се наведува во соопштението.

Лидерите го поздравија и очекуваното учество на Украина на претстојниот самит на НАТО, кој ќе се одржи на 7 и 8 јули во Анкара.

На маргините на собирот, новиот латвиски премиер Андрис Кулбергс и Зеленски потпишаа договор за одбранбена соработка, со кој Латвија ќе добие пристап до украинските искуства во заштитата на воздушниот простор од беспилотни летала.

Балтичките земји, кои се поранешни советски републики, во последните недели бележат зголемен број упади и падови на дронови на нивна територија.

Преку видеоврска на самитот се обрати и францускиот претседател Емануел Макрон, кој ја потврди „континуираната посветеност на Франција“, особено преку нејзиното воено присуство во источниот дел од Европа.

Тој потсети дека француските борбени авиони „Рафал“, распоредени во рамките на мисиите на НАТО во Балтикот, неодамна соборија залутан дрон над латвискиот воздушен простор.

Макрон оцени дека Русија се наоѓа пред неуспех во Украина, но предупреди дека Москва продолжува да ги провоцира соседните земји.

„Ќе се соочиме со тоа заедно“, порача францускиот претседател.

 

Брисел бара начин членството на Украина во ЕУ да стане дел од мировниот договор

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот