Фото: Општина Аеродром

За секое прваче во Аеродром по 3.500 денари

Општина Аеродром и оваа година за секое прваче запишано во основно училиште на територијата на општината ќе обезбеди еднократна парична помош во износ од 3.500 денари.

Родителите на првачињата за оваа помош ќе можат да аплицираат од следниот понеделник, 15 јуни, па се до 30 септември.

Од Аеродром објаснуваат дека за остварување на правото на парична помош, треба да се достават во општинската архива неколку документои – потврда за запишан ученик во прво одделение, заверена од основно училиште на територијата на Општина Аеродром или од основно училиште со ресурсен центар, фотокопија од извод од матичната книга на родените за првачето, фотокопија од лична карта или патна исправа на барателот со адреса на живеење во Општината, како и фотокопија од лична карта.

И годинава за секое прваче во Гази Баба, Општината дава по 3000 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот