Америка планира да повлече една третина од борбените авиони за НАТО во Европа
САД планираат значително да го намалат бројот на авионите и на воените бродови што ги ставаат на располагање за операциите на НАТО во Европа, пренесува „Ројтерс“.
Препорачано
Оваа одлука би ја ограничила способноста на НАТО за изведување напади со долг дострел и за извидувачки мисии.
Американскиот план предвидува намалување на бројот на борбени авиони Ф-16 и Ф-15E од околу 150 на 100.
Исто така, се предвидува намалување на извидувачките авиони за поморско набљудување од 26 на 15, како и повлекување на сите осум авиони-танкери за полнење гориво во воздух што претходно биле достапни за Европа.
Планот предвидува и прераспоредување на една подморница со ракетни капацитети и на еден носач на авиони, заедно со неколку воени бродови и со десетици авиони што учествуваат во мисиите на носачот.
Дополнително, можно е и прераспределување на една од двете групи стратешки бомбардери претходно доделени за одбрана на Европа.
Американската Источна команда минатата недела соопшти дека ќе го прилагоди својот придонес во НАТО моделот на сили, без да даде дополнителни детали.
САД претходно најавија дека планираат да ги намалат воените капацитети што би им ги ставиле на располагање на сојузниците во случај на голема криза.
Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп повеќепати ги обвини европските влади дека недоволно инвестираат во сопствената одбрана и дека премногу се потпираат на заштитата од САД, повикувајќи Европа и азиските сојузници да ги зголемат трошоците за одбрана на 3,5 проценти од БДП.
По повикот на Трамп за повеќе трошоци за одбраната, Шолц се прашува „од каде да најде пари“


