Вода/ Фото: Пиксабеј

Без вода неколку улици во Скопје

Прекин во водоснабдувањето денеска ќе има за корисниците на неколку улици во Скопје.

ЈП Водовод и канализација најавува прекин на водоснабдување денеска за корисниците на улиците „Бул Крсте Мисирков“ и „Отокар Кершовани“ од 8 часот изутринава.

Прекинот ќе биде поради поправка на затворач со пречник од 300 милиметри на двете улици, а ќе трае до завршување на работните активности.

Од 8 часот прекин во водоснабдувањето поради поправка на два затворачи со пречници од 600 и 300 милиметри ќе има и на Кеј „Димитар Влахов“ и ќе трае до до завршувањето на работните активности.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот