Украина и Молдавија ги отвораат пристапните преговори со ЕУ

Во Луксембург ќе се одржи и меѓувладина конференција со Црна Гора, на која земјата ќе ги затвори преговорите во две поглавја – слободно движење на работници и заштита на потрошувачите и здравјето.

Европската Унија во понеделник во Луксембург ќе ги отвори пристапните преговори со Украина и Молдавија во рамките на првиот преговарачки кластер, кој се однесува на темелните права, правосудството и владеењето на правото, соопшти претседателот на Европскиот совет, Антонио Кошта.

-Европската Унија денеска направи голем чекор напред. Сите земји членки се согласија да го отворат првиот кластер од пристапните преговори со Украина и Молдавија – изјави Кошта.

Првиот преговарачки кластер опфаќа пет поглавја: јавни набавки, статистика, правосудство и темелни права, како и правда, слобода и безбедност. Овие области се сметаат за основа на пристапниот процес и традиционално први се отвораат, а последни се затвораат во текот на преговорите.

Кластерот ги опфаќа клучните вредности врз кои е изградена Европската Унија, вклучувајќи го владеењето на правото, функционирањето на демократските институции и заштитата на основните права.

Во меѓувреме, во Луксембург ќе се одржи и меѓувладина конференција со Црна Гора, на која земјата ќе ги затвори преговорите во две поглавја – слободно движење на работници и заштита на потрошувачите и здравјето.

Црна Гора останува најнапредната земја кандидат во процесот на пристапување кон Европската Унија. Досега има затворено 14 преговарачки поглавја, а властите во Подгорица најавуваат дека до крајот на годината имаат намера да ги затворат и преостанатите поглавја.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот