Гордана Сиљановска-Давкова / Фото: Слободен печат / Методи Здравев

Силјановска- Дакова:  Решенето за правосудството е во сериозни реформи

Решенето за правосудството е во сериозни реформи – истакнува претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во мегаинтервјуто на МИА, чиј втор дел ќе биде објавен денеска.

Одговарајќи на прашањето каде е решението за правосудството да стекне доверба, која сега изнесува само два отсто, таа децидно одговара: „Во сериозни реформи“.

Но, таа наведува, мора да се провери кој со какво богатство стапил на функција, а со какво излегол и тоа не се однесува само на правосудството.

– Секој кога ќе стапи не само на определена функција, на определена работа, лесно е да се провери со што влегол, како излегол и дали е тоа можно. Не се чудам јас на огромните пари на некои ликови во светската политика, врзани за вештачки интелигенции и така натаму, ама кога ќе видите профили што од својата работа апсолутно не би можеле да го заработат, да го стекнат богатството, сигурно дека тоа треба да се испита – вели претседателката.

Таа додава дека извештаите на ЕУ ги посочуваат главните проблеми, но не е проблем само во законодавството.

– Се покажува дека тука извештаите на Европската Унија ги нотираат главните проблеми. Не е доволно само да го хармонизирате законодавството – почнат е тој процес, но важно е бидејќи, ако предвидите построги критериуми за изборот на судии и јавни обвинители, тоа сигурно ќе се одрази или има врска со нивниот интегритет и дигнитет во постапувањето – вели Сиљановска-Давкова.

Меѓутоа, таа додава дека ние бевме сведоци оти еден антисистем стана систем или дека она што беше недозволено стана нешто редовно.

– За тоа треба време, меѓутоа тука сум и јас многу строга, имам сè уште забелешки. Мислам дека ако не решиме да раскрстиме со партизацијата и политизацијата при аплицирањето, при изборот на луѓето во судството, во Јавното обвинителство, во Уставниот суд, во Управниот суд, во управните одбори и така натаму, тогаш ќе се вртиме во круг – истакна претседателката.

Таа смета дека сите што се нашле на право место, а се погрешни луѓе, кои не го заслужуваат тоа место, нема да им бидат верни на законите, на Уставот, на владеењето на правото, на етиката и на моралот, туку на оние што ги номинирале и на оние што ги поставиле на овие високи позиции.

– Никому не му дошле умот и знаењето од позицијата на која се нашол, туку од макотрпна работа, учење, полагање, вложување во себе и ценење на сопствениот дигнитет и интегритет. Тоа е она што ни е неопходно бидејќи никој однадвор не може процентот да ви го зголеми или да ви го намали. Перцепцијата кај граѓаните е сè уште таа, значи мора да се исчекори во нејзиното надминување. Како? Со поинакви резултати, со филозофија на санкционирање, со филозофија на одговорност, со филозофија на важење на правдата и за оние на највисоки позиции, а не со нејзино избегнување, со сериозно посегање по преиспитување на потеклото на имот – вели Сиљановска-Давкова.

Според неа, тоа еднаш мора да се направи и смета дека не е невозможно.

– Секој кога ќе стапи не само на определена функција, на определена работа, лесно е да се провери со што влегол, како излегол и дали е тоа можно. Не се чудам јас на огромните пари на некои ликови во светската политика, врзани за вештачки интелигенции и така натаму, ама кога ќе видите профили што од својата работа апсолутно не би можеле да го заработат, да го стекнат богатството, сигурно дека тоа треба да се испита. А понатаму тие цврсто се држат за богатството бидејќи филозофијата им е дека со парите може сè да купат и некако добиваме впечаток дека правдата не ги стигнува сите. Тоа мора да се надмине – истакна претседателката Сиљановска-Давкова во интервјуто за МИА.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот