Рики Мартин/Илустрација/Фото: EPA/CHRIS TORRES

ВИДЕО | Рики Мартин првпат се огласи по инцидентот на концертот во Црна Гора

Музичката ѕвезда Рики Мартин првпат се огласи по инцидентот што се случи во текот на неговиот настап во Подгорица по повод Денот на независноста на Црна Гора, кога среде концертот беше фрлен солзавец во публиката.

Иако настапот беше накратко прекинат поради паниката меѓу граѓаните, пејачот, сепак, го продолжи концертот, а сега преку Инстаграм испрати емотивна порака до публиката и им се заблагодари за поддршката.

 

– Црна Гора, ќе изберам да се сеќавам само на неверојатната енергија што ја почувствував од сите вас. Публиката толку топла и љубовна. Заедно ја прославивме музиката, културата и секако вашата независност. Сè уште сум под впечаток од таа неверојатна вечер настапувајќи за вас. Ви благодарам многу за поканата, ви испраќам многу љубов и сигурно ќе се вратам – напиша Рики Мартин.

Инаку, по повод инцидентот се огласи и црногорската полиција проговори, која интензивно трага по личноста што го фрли солзавецот во близина на сцената на централниот плоштад во Подгорица.

Солзавецот предизвика паника кај граѓаните, а концертот беше накратко прекинат, но набрзо продолжи.

– Синоќа околу 23 часот, во близина на сцената беше активиран рачен солзавец, што предизвика кратка паника кај граѓаните. Концертот набрзо продолжи. Службениците на секторот за криминалистичка полиција фотографираа, зедоа дел од споменатиот солзавец што беше пронајден во близина на сцената. Личноста што го фрлила солзавецот брзо ќе биде пронајдена – изјави Милан Делиќ, началник на ОКЦ, објавија медиумите во Подгорица.

Инцидентот предизвика бурни реакции на социјалните мрежи, каде што многу граѓани го изразија својот шок и разочарување од настанот што ја одбележа вечерта на големата прослава.

И покрај непријатната ситуација и општата паника, Рики Мартин покажа професионализам и одлучи да го продолжи концертот за да не ја разочара публиката што дојде да биде сведок на одличен музички спектакл.

ФОТО | На 53 години изгледа подобро од било кога: Рики Мартин сподели фотографии од одморот на Малта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот