Рики Мартин во Подгорица/Фото: Принтскрин/Фејсбук

ВИДЕО | Прекинат концертот на Рики Мартин во Црна Гора поради солзавец: „Луѓето плачеа и бегаа“

Во Подгорица вчера се прославија 20 години од независноста на Црна Гора. Врвот на прославата бил спектакуларниот концерт на светската музичка ѕвезда Рики Мартин, кој привлече илјадници посетители.

Десетици илјади граѓани го исполниле Плоштадот на независноста во Подгорица за да го гледаат настапот во живо на порториканската ѕвезда, јавуваат црногорските медиуми.

Не само што Плоштадот на независноста бил исполнет до последното место, туку и околните улици и угостителските објекти биле полни со посетители.

 

@branco_1683 #rickymartin #podgorica🇲🇪 #concert #dannezavisnosti ♬ original sound – Branco_16


Како вовед во музичкиот спектакл настапиле локалните изведувачи. Тамара Живковиќ ја отворила церемонијата со песната „Нова зора“, а публиката потоа ја загреале и Милена Вучиќ и Ненад Кнежевиќ Кнез.

Исчекувањето го достигнало својот врв кога Рики Мартин излегол на сцената, пречекан со овации и громогласен аплауз од воодушевената публика.

Ѕвездата на вечерта веднаш ѝ се обратила на публиката, честитајќи го Денот на независноста и ветувајќи незаборавна ноќ:

„Ви благодарам многу. Ова ќе биде многу убава вечер. Ќе биде многу убава и јас тоа можам да го видам во вашите очи, насмевките и енергијата. Вечерва ќе биде посебна во Црна Гора. Дали сте подготвени да се забавувате?“.

 

@aleksanmatic Podgorica, 21/05/26 🧜🏼‍♂️🫶🏼✨#rickymartin #montenegro #foru #forupage #crnagora ♬ original sound – Aleksandar

Рики Мартин го започнал својот настап со легендарниот хит „Maria“, а на самиот почеток ги извел и песните „She Bangs“ и „Private Emotion“, па публиката почнала да танцува од првиот такт. Латино ѕвездата со енергичниот настап приредила незаборавно шоу за публиката во Црна Гора.

За жал, атмосферата накратко била нарушена кога бил фрлен солзавец, што предизвикало прекин на концертот.

Многумина, според сведоците, мислеле дека е бомба, пишува хрватски „Дневно“.

„Луѓето плачеа и бегаа од концертот на Рики Мартин. Беше фрлен солзавец. Многумина мислеа дека е бомба. Дури по некое време настапот продолжи“, изјавил извор од местото на настанот.

 

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Crna Gora uživo (@crnagorauzivo_)

Сепак, по брзата реакција, концертот набрзо продолжил.

И покрај краткиот инцидент, забавата во Подгорица продолжила длабоко во ноќта, а публиката пеела и танцувала со Рики Мартин.

 

ФОТО | На 53 години изгледа подобро од било кога: Рики Мартин сподели фотографии од одморот на Малта

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот