Маја Оџаклиевска искрено: Ми пречеше убавината, никој не ме слушаше како пеам
Маја Оџаклиевска откри емотивна приказна од младоста и искрено кажа што ѝ пречи кај денешните жени.
Препорачано
Легендарната пејачка, во гостување на ТВ „Уна“, без влакна на јазикот проговори за стандардите за убавина на естрадата, правејќи паралела меѓу нејзината младост и денешното време.
Оџаклиевска се присети на почетоците на својата кариера, признавајќи дека нејзиниот изглед понекогаш бил во преден план пред нејзиниот раскошен вокал, што за неа претставувало своевиден предизвик.
„Убавината во младоста многу ми пречеше, бидејќи никој не слушаше како пеам, на сите им беше важно како изгледам“, се присетува пејачката.
„Очигледно е дека денес тоа баш ескалираше, па дојде до израз. И така, сите жени многу се трудат убаво да изгледаат… Секако, попатно се унаказуваат, какви глупости. Додаваш овде, додаваш онде, додаваш ваму… и тебе повеќе те нема никаде! Сите една на друга личат“, додаде Маја.
За крај, таа со жалење констатира дека со губењето на природниот изглед се губи и она што е најважно за еден уметник — душата и карактерот.
„И тука повеќе нема… нема соголување на индивидуализмот, нема суштина, го нема оној сензибилитет, бидејќи тоа е… и тогаш тоа е тоа“, заклучи таа.


