Маја Оџаклиевска / Фото: Скриншот/Јутјуб

Маја Оџаклиевска за внукот со аутизам: „Имаше фази кога беше агресивен, но јас си го прегрнував и му велев дека го сакам“

Пејачката Маја Оџаклиевска во повеќе наврати јавно зборуваше за својот внук Лука, на кого целосно му се посветила, а кој живее со аутизам.

Тој моментално е сместен во установа каде добива соодветна грижа, а пејачката редовно го посетува, нагласувајќи дека животот со него не бил лесен.

„Сега јас се грижам за внукот. Тоа не е сила, тоа е љубов. Љубовта го движи секој атом во телото; би одела со него до крајот на светот. Не е важно каде сме, само да сме заедно и тој да е мирен“, вели пејачката.

Таа открива дека Лука имал периоди кога бил многу агресивен.

„Имаше фази кога беше многу агресивен. Додека можев да се справам со тоа, го прегрнував и му велев: ‘Баба те сака, немој повеќе, немој’. Но тоа се напади… дотаму можев“, раскажува Оџаклиевска.

И покрај сè, таа вели дека со него е постојано во контакт.

„Со него сум постојано во контакт, не само телефонски. Одам еднаш неделно да го посетам. Не бев последниве неколку месеци, но затоа тој доаѓаше кај мене. Му организиравме роденден, разни настани, само да биде задоволен. Сега веќе има промени – влезе во 17-та година и мислам дека кај него работите се смируваат. Сè може да биде поинаку, барем периодично“, додава таа.

Оџаклиевска нагласува дека прифаќањето било клучно.

„Тоа е нешто против кое не можеме да се бориме. Тоа е неговата состојба и мора да го прифатиме таков каков што е. Додека можам, ќе се прилагодувам на него. Сите се здруживме – помладата ќерка, постарата, зетот – ја организиравме целата ситуација. Никаде немаше конкретен предизвикувач за тие напади. Тогаш сфативме дека не е до нас, туку дека тоа е во него самиот“, вели пејачката.

Таа открива и дека уште рано забележала дека нешто е поинаку.

„Кога беше мал, беше отсутен. Другите деца се љубопитни, прашуваат… Тој се загледуваше во една точка. Знаев дека нешто не е во ред, но другите не сакаа да го признаат тоа“, вели таа во емисијата „Корак испред со Сандра“.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот