Фото: илустрација / француска полиција

Во јули и август лани менувачниците свртеле 587 милиони евра

Менувачниците и годинава со оптимизам ја дочекуваат летната сезона, откако лани во само два месеци, јули и август, оствариле вкупен промет од 587 милиони евра. Според анализата на „Пари“, повикувајќи се на податоци од Народната банка, во јули бил реализиран промет од 316,2 милиони евра, а во август 270,9 милиони евра.

Граѓаните во текот на 2025 година понудиле, а менувачниците откупиле девизи во вредност од над 2,2 милијарди евра, што е речиси на исто ниво како и претходната година. Од друга страна, продажбата на девизи бележи раст и достигнала 571,5 милиони евра, што е за 7,84 проценти повеќе во однос на 2024 година.

Анализата на „Пари“ покажува дека најголемиот девизен промет традиционално се концентрира во екот на летната сезона, кога во земјава пристигнуваат иселеници, се зголемуваат туристичките движења и растат патувањата на граѓаните.

Во структурата на откупените девизи, јули останува најсилен месец со 262,3 милиони евра, пред август со 221,5 милиони евра и октомври со 200,1 милион евра. Сличен тренд бил забележан и во 2024 година, што потврдува дека летото и натаму е двигател на менувачкиот пазар во Македонија.

Провизиите „горат“- за водење на сметка во банка 35 денари месечно, за плаќање сметка на шалтер 50 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 100 ДЕНАРИ

Видео на денот